Хезболах ги повика жителите на северен Израел да ги напуштат граничните области

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хезболах ги повика жителите на северен Израел да ги напуштат граничните области

Шиитската група предупреди дека нападите на израелската војска во Либан нема да останат без одговор. Ги повика жителите да ги евакуираат сите израелски населби во радиус од пет километри од границата.

Ова е прво предупредување од милицијата од ваков вид по најновата ескалација на насилството.

Израелската војска претходно ги повика жителите на неколку густо населени предградија на либанскиот главен град Бејрут да ја напуштат областа. Засегнатите населби се сметаат за упоришта на Хезболах.

ИДФ вчеравечер започна со напади во тој регион, а локалното население пријави серија експлозии, пренесе германската агенција.

Ова беше првпат ИДФ да издаде предупредување за област од толкав големина во регионот.

Борците на Хезболах во понеделникот започнаа со истрелување ракети кон Израел како одговор на убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во заедничкиот напад на САД и Израел врз Иран.

Оттогаш, израелската војска изврши жестоки напади врз цели во неколку делови од Либан, потсети ДПА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата