На видеото кое го објави Нела Хок, гледаме момче во сини пижами како стои на страна од зграда, а соседот внимателно му приоѓа.
Драматичното видео се појави на Фејсбук и предизвика големо внимание, пренесува AsiaOne.
Пред зградата се гледат луѓе, кои имаат распослано ќебе во случај малиот да падне од третиот кат на станбената зграда.
Неименуван сосед пристигнал да го земе детето, го зел во раце и преку прозорецот го вратил во станот.
Локалните медиуми јавуваат дека вознемирени луѓе тропале на вратата од станот во кој престојувало малото момче, но никој не ја отворил вратата.
Корисниците на мрежите го пофалија човекот кој го спаси момчето ризикувајќи го неговиот живот и го нарекоа „херој на денот“.
Од друга страна, тие ги повикаа надлежните да ги истражат родителите и да побараат одговорност.