Негирањата доаѓаат откако Голдберг објави напис во кој тврди дека ненамерно бил додаден во групен разговор на апликацијата Сигнал, каде претставници на администрацијата на Трамп разговарале за плановите за воени напади врз Хутите во Јемен.
Инцидентот, според Њусвик, покренува сериозни прашања за оперативната безбедност на највисоките нивоа на апаратот за национална безбедност, што потенцијално ги загрозува чувствителните воени операции. Според извештајот на Атлантик, Голдберг бил додаден во групен разговор, во кој биле вклучени високи функционери како советникот за национална безбедност Мајк Волц, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј Ди Венс и Хегсет. Разговорот наводно содржел конкретни оперативни детали за планираните напади врз цели на Хутите во Јемен.