Хегсет ги обвини поранешните незадоволни вработени во Пентагон за скандалот

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет ги обвини поранешните незадоволни вработени во Пентагон за скандалот

Хегсет им рече на новинарите дека ја има поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Си-Ен-Ен.

„Навистина сум горд на она што го правиме за претседателот, жестоко се бориме на сите страни“, рече Хегсет.

„Њујорк тајмс“ објави дека Хегсет споделил детали за американскиот напад врз Хутите во Јемен во март во група за пораки на платформата Сигнал, во која биле вклучени неговата сопруга, брат и адвокат.

Како што беше наведено, Хегсет наводно ги споделил истите детали за нападот кои беа објавени минатиот месец во списанието Атлантик.

Според неименувани извори на кои се повикува Њујорк Тајмс, групата разговарала за деталите за точното време на воздушните напади врз Хутите во Јемен.

Хегсет во повеќе наврати изјави дека не биле споделени доверливи информации во рамките на компанијата, иако тој го дал точното време кога биле лансирани американските воздушни напади и некои детали за операцијата кои се сметаат за строго доверливи во пресрет на ненадејна воена операција како онаа во Јемен.

Еден од поранешните главни советници на Хегсет, Ден Колдвел, во неделата издаде заедничка изјава со уште двајца отпуштени функционери на Пентагон, Дарин Селник и Колин Керол, во која тие рекоа дека се сомневаат во резултатите од внатрешната истрага за протекувањето на информации на Пентагон за американските напади во Јемен што доведоа до нивно суспендирање.

„Многу сме разочарани од начинот на кој заврши нашата служба во Министерството за одбрана“, објави Калдвел на платформата X, тврдејќи дека тој, Селник и Керол биле наклеветени од неименувани претставници на Пентагон.

Колдвел истакна дека се уште не им било кажано за што точно се обвинети.

Тројцата тврдат дека не откриле чувствителни или доверливи информации и дека секојдневно работеле на заштита на таквите информации.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата