Хамас се согласи со предлогот на Виткоф за примирје со Израел

31.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас се согласи со предлогот на Виткоф за примирје со Израел

Хамас се согласи да ослободи 10 израелски заложници и да ги врати телата на 18 починати заложници во замена за ослободување на палестинските затвореници во Израел. Според нацрт-верзијата на најновиот предлог на Виткоф, Израел за возврат ќе ослободи 125 палестински осуденици за тероризам кои отслужуваат доживотна казна затвор, 1.111 жители на Појасот Газа притворени од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година и 180 тела на загинати Палестинци.

Американскиот предлог предвидува двете страни во конфликтот да се договорат за параметрите на делумно повлекување на израелските одбранбени сили од Појасот Газа за време на привременото прекин на огнот.

Како дел од предлогот на САД, Обединети нации ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за Палестинците, наместо новиот механизам поддржан од Израел кој стапи во сила оваа недела.

ОН одбија да соработуваат со новиот механизам, со образложение дека тој не ги задоволува потребите на цивилното население во палестинската енклава и му дозволува на Израел да го претвори снабдувањето со храна во оружје. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата