Хамас: Разговорите во Мајами клучни за следната фаза од примирјето во Газа

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас: Разговорите во Мајами клучни за следната фаза од примирјето во Газа

Наим рече дека Хамас очекува разговорите да резултираат со тоа што Израел ќе се обврзе да го почитува договорот постигнат во Шарм ел-Шеик, како и да го зголеми протокот на хуманитарна помош во Газа, јави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека разговорите треба да вклучуваат и спроведување на преостанатите делови од планот на американскиот претседател Доналд Трамп, насочен кон долгорочна стабилност, реконструкција на Газа и политички процес што ќе им овозможи на Палестинците сами да управуваат и да воспостават суверена држава.

Договорот од Шарм ел-Шеик, постигнат во октомври, повикува на прекин на огнот, делумно повлекување на израелските сили од Газа, враќање на сите заложници и ослободување на речиси 2.000 палестински затвореници. Соединетите Американски Држави се домаќини на разговори во Мајами, каде што се очекува американскиот специјален претставник Стив Виткоф да се сретне со претставници од Катар, Египет и Турција. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата