На видеото e без датум, еден човек се идентификува како Адан Александар и вели дека е притворен во Газа 551 ден, додека исто така се прашува зошто се уште е заробен и моли да биде ослободен, објави Ројтерс.
Видеото на Александар, кој бил војник во израелската армија, беше објавено додека Евреите почнаа да го слават еднонеделниот празник Пасха, прослава на слободата.
Неговото семејство објави соопштение во кое се вели дека празникот на слободата нема да биде вистинит се додека Едан и преостанатите 58 заложници во Газа се во заробеништво.
🎦🔗❤️🩹 #Hamas releases a new video of the Israeli hostage, who holds American citizenship, "Idan Alexander" #Gaza | #Israel @netanyahu pic.twitter.com/Oc54uL0RIc https://t.co/STwk4rOxxr
— A Deniz Engelhardt (@DenizEngelhardt) April 12, 2025
Хамас објави неколку видеа за време на војната со заложници кои молат за нивно ослободување, за кои израелските власти рекоа дека се пропаганда со цел да се изврши притисок врз владата.
Хамас ослободи 38 заложници како дел од договорот за прекин на огнот кој започна на 19 јануари, потсети Ројтерс.
Во март, израелската војска ја продолжи својата копнена и воздушна офанзива врз Газа, напуштајќи го прекинот на огнот откако Хамас ги отфрли предлозите за продолжување на прекинот на огнот без завршување на војната.
Израелските власти соопштија дека офанзивата ќе продолжи сѐ додека не бидат ослободени 59-те преостанати заложници и додека Газа не биде демилитаризирана.
Како што потсетува Ројтерс, Хамас инсистира дека ќе ги ослободи заложниците само како дел од договорот за завршување на војната и ги отфрла барањата да го остави оружјето.