Хамас има нов командант за Појасот Газа- Ал Фадад веќе преживеал шест атентати

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас има нов командант за Појасот Газа- Ал Фадад веќе преживеал шест атентати

Според Европскиот совет за надворешни односи, ал-Хадад е член на воениот совет на Хамас и е шеф на бригадите Из ал-Дин ал-Касам (военото крило на Хамас) во градот Газа од 2021 година, додека командува со северната бригада во Газа од ноември 2023 година, објавува „Џерусалем пост“.

Се вели дека Ал-Хадад преживеал шест обиди за атентат и бил задолжен за обнова на цивилната и воената инфраструктура за време на прекинот на огнот со Израел. Тој, исто така, наводно бил одговорен за обезбедување непречено пренесување на заложниците.

Израелските медиуми претходно објавија дека тој е веројатно новиот воен лидер на Хамас и наследник на браќата Синвар, бидејќи е последниот преостанат од петте оригинални команданти на бригадата пред почетокот на војната во октомври 2023 година.

Со оглед на големиот број убиени команданти на Хамас, можно е дека ако и Ал-Хадад биде убиен, нема да остане ниту еден висок функционер на Хамас способен да го координира целиот договор за заложници. Ал-Хадад, според разузнавачките извештаи, има право на вето врз предлозите за договор за заложници.

Ал-Хадад, исто така, ја контролира фракцијата што ги држи израелските заложници и има право на вето врз предлогот што го изнесе Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток.

Токму Ал-Хадад го координираше нападот на Хамас на 7 октомври, вклучително и состанокот на командантите ноќта пред нападот, каде што дистрибуираше писмени упатства за тоа како да се спроведе операцијата.

Ал-Хадад претходно имаше награда од 750.000 долари за неговата глава за информации што доведоа до негово апсење. Тој е многу претпазлив кога се појавува во јавноста или во медиумите, а комуникацијата со него е сведена на минимум.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата