Хамас бара евакуација на своите борци од тунелите

27.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас бара евакуација на своите борци од тунелите

Хамас со апелот првпат јавно признава дека има заробено борци во тунелите во палестинската енклава.

- Го сметаме (Израел) за целосно одговорен за животите на нашите борци и ги повикуваме медијаторите веднаш да дејствуваат за да извршат притисок и да обезбедат нашите синови да можат да се вратат дома, се наведува во соопштението на Хамас.

Израелската армија минатата недела соопшти дека убила повеќе од 20 членови на Хамас „кои се обидувале да избегаат од подземната терористичка инфраструктура во областа“ и уапси осум од нив.

Според израелските медиуми од сто до 200 членови на Хамас се заробени во мрежа од тунели под градот Рафа, во Појасот Газа контролиран од Израел. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата