Според министерството, против приведените се преземени соодветни правни и административни мерки.
Во соопштението се нагласува дека е од особена важност жителите на Катар да се воздржат од снимање и објавување видеа, како и од ширење гласини за актуелната ситуација во регионот.
Министерството ги повика граѓаните информациите да ги добиваат исклучиво од официјално одобрени извори.
Воедно беше предупредено дека ќе бидат преземени мерки против секој што ќе ги прекрши правилата.

