Најновите бројки, објавени денес, покажуваат дека стапката на невработеност се искачила на 6,7 проценти, втора највисока стапка меѓу богатите земји од Г7, веднаш зад Франција. Овие податоци вршат притисок врз владата на премиерот Марк карни во време кога се обидува да ја заштити економијата од влијанието на американските царини, пишува Би-Би-Си. Премиерот Карни рече дека трговските мерки на САД против Канада „предизвикуваат значителни прилагодувања во канадската економија“.

