Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади

Камбоџа и Тајланд денеска упатија меѓусебни обвинувања дека другата страна започнала артилериски напади низ спорните гранични области рано утрово, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на двете земји се согласиле да работат на прекин на огнот.

Министерството за одбрана на Камбоџа објави дека Тајланд ги гранатирала храмовите комплекси утрово и започнала копнени напади на неколку точки.

Тајландската војска соопшти дека рано утрово Камбоџа отворила оган врз неколку области, вклучително и во близина на цивилни домови. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата