Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија

15.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија ќе обезбеди два милиони долари помош за Калифорнија

Помошта ќе биде доставена преку американскиот Црвен крст со седиште во САД како мерка за помош на жртвите од катастрофата, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.

Финансиската помош се очекува да биде искористена за поставување места за евакуација и обезбедување храна и психолошка поддршка на погодените од пожарите во Калифорнија, изјави претставник на министерството. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата