Јапонија и Јужна Кореја се придружија на САД во заеднички воени маневри во Источна Азија

14.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија и Јужна Кореја се придружија на САД во заеднички воени маневри во Источна Азија

Маневрите наречени „Фридом Еџ“, предводени од американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ и неговите ловци, се одвиваат во водите јужно од Корејскиот Полуостров и западно од јапонските острови. Тие се резултат на минатогодишниот договор посредуван од Бајден, со кој Сеул и Токио ги оставија настрана долгогодишните несогласувања за тристраната соработка со Вашингтон.

На последниот состанок на советниците за национална безбедност на трите земји, беше изразена загриженост поради продлабочената соработка меѓу Русија и Северна Кореја. Претставник на САД изјави дека маневрите праќаат силна порака до Пекинг за заедничката безбедност на трите сојузници.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата