Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

10.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“.

Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што се наоѓа седиштето на израелската дивизија за Појасот Газа, за време на нападот на Хамас на 7 октомври.

Војската соопшти дека Хамдан неодамна работел на планирање напади врз израелските сили и обнова на оперативните капацитети на Хамас, што, според ИДФ, го направило „непосредна закана“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата