Израелските сили во Газа убија 13 лица, се очекува формирање на Мировниот комитет на Трамп

9.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелските сили во Газа убија 13 лица, се очекува формирање на Мировниот комитет на Трамп

Израелската војска денеска соопшти дека ги таргетирала инфраструктурата и борците на Хамас во јужниот и северниот дел на Појасот Газа како одговор на ракетата испукана од градот Газа.

Се очекува Трамп следната недела да го објави Мировниот комитет.

Тоа е голем чекор напред за мировниот план на Трамп за Блискиот Исток, кој полека се развива откако во октомври беше воспоставен кревко примирје, по повеќе од две години борби меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека поранешниот претставник на Обединетите нации за Блискиот Исток, бугарскиот дипломат Николај Младенов, е избран да ја предводи Мировната комисија на американскиот претседател Трамп, која ќе го надгледува примирјето во Газа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата