– Нека светот се грижи за нив. Ниту една нација не ги храни своите непријатели... Дали сме изгубиле разум? рече Елијаху.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху веднаш се огради од изјавите, нагласувајќи дека Елијаху не е член на безбедносниот кабинет и дека не го застапува ставот на Владата.
– Политиката на оваа Влада е јасна и единствена. Неговите изјави не ја претставуваат, изјави Нетанјаху.
Израелскиот амбасадор во САД Јехиел Лајтер, најостро ја осуди реториката на Елијаху, оценувајќи ја како „погрешна, глупава и целосно нерепрезентативна за израелската влада и народ“.
Според локалните здравствени власти, повеќе од 59.000 Палестинци починале во Газа од октомври 2023 година, вклучувајќи најмалку 113 од глад. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека израелската блокада ја турна Газa на раб на „масовна глад”.