Израелската војска ослободи двајца заложници, 60 загинати во напад врз град на границата

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската војска ослободи двајца заложници, 60 загинати во напад врз град на границата

Во синоќешната операција на израелските сили во градот Рафах беа ослободени шеесетгодиншниот Фернандо Симон Марман и седумдесет годишниот Луис Хар кои се во добра здравствена состојба. Емотивната средба со нивните семејства во медицинскиот центар Шеба следеше откако на кобниот 7 октомври минатата година двајцата повозрасни мажи беа киднапирани од кибуцот Нир Јицак од Хамас и беа во заложништво на милитантите, речиси пет месеци.

Израелската војска информира дека офанзивата во појасот нема да прекине додека сите заложници не се вратат дома...

„Оваа спасувачка мисија ја нагласува важноста на нашата копнена операција во Газа, вклучително и во Рафа, кога условите го дозволуваат тоа. 134 мажи, жени и деца и постари лица се уште се држат како заложници во Газа. Имаме морална обврска да ги вратиме дома сите наши заложници.“- -Даниел Хагари, Портпарол на Израелската војска.

Изминатите 24 часа 164 луѓе ги загубиле животите во израелските воздушни напади во Газа со што вкупниот број на загинати во појасот надмина 28.000 лица, извести министерството за здравство управувано од Хамас, најмалку 67.500 се повредени. Околу 1,5 милиони луѓе се засолнети во Рафах, откако беа раселени од израелските операции на друго место.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата