Израелската армија утринава нападнала десетици цели во Техеран

4.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската армија утринава нападнала десетици цели во Техеран

„Пред малку време, израелските воздухопловни сили, водени од разузнавачките служби, завршија уште еден бран напади насочени кон командните центри на иранскиот терористички режим низ целиот Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.

„Како дел од овие напади, армијата истрела десетици ракети врз командните центри на Внатрешната безбедност“, се додава во соопштението.

Пред почетокот на последниот израелски напад утринава сирени за воздушен напад се огласија низ Израел, но засега нема пријави за повредени, наведуваат службите за итни случаи.

Во текот на ноќта, армијата започна „широк бран напади“ врз Иран, по 17 бран ирански ракетни напади на израелска територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата