Израел тврди дека е елиминиран шефот на иранската служба за безбедност, Лариџани

17.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел тврди дека е елиминиран шефот на иранската служба за безбедност, Лариџани

Ако се потврди, тоа ќе биде највисоко рангиран убиен ирански функционер, по ајатолахот Хамнеи, иако првично иранските медиуми експресно се обидоа да демантираат, објавувајќи наводна порака со него ракопис на социјалните мрежи. Министерот за одбрана рече дека во нападот е убиен и водачот на паравоените сили Басиџ, Реза Солејмани, близок до иранската револуционерна гарда.

-Израелските безбедносни сили продолжуваат да го ловат раководството на режимот на терор и репресија во Иран и да ја сечат главата на октоподот и да не му дозволуваат да расте. , изјави Израел Кац, министер за одбрана на Израел.

Израел го продолжува бомбардирањето врз Иран и јужен Либан, а Техеран возврати со ракети врз неколку соседни земји. Втор пат мета беше американската амбасада во Багдад, во најинтензивен бран на дронски и ракетни напади досега.

-Порака до претседателот на САД: Исходот од војната не може да се одреди со твитови, туку на теренот. Тоа е местото каде што вие и вашите сили не се осмелувате да одите. Подобро е оваа војна да се нарече „Епски страв“ наместо „Епски бес“. , изјави Ебрахим Золфагари, Портпарол на Иранската револуционерна гарда.

Продолжува и битката за Ормускиот теснец, кој и натаму е блокиран. Трамп вели дека е изневерен од сојузниците, откако остана осамен по апелите да издејствува да се вклучат со бродови во обезбедувањето на клучниот канал. Брисел му порачува дека тоа не е војна на Европа.

-Трошиме трилиони и трилиони долари за НАТО за да ги браниме другите земји, и секогаш велев, ако некогаш дојде време да нè бранат, тие нема да бидат таму.Можеме ли да ја завршиме оваа војна оваа недела? –Да, секако. Ќе ја завршиме ли? Не мислам така, но ќе биде наскоро. Нема да биде долго. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

-Не бевме консултирани за целите на оваа војна, каде оди? Не е јасно. Чувството е дека ова не е војна на Европа. Ако САД, кои исто така се членки на НАТО, не ги ставаат своите бродови за да ги држат навигациските рути отворени, тогаш прашањето за нашите земји – членки е исто. , изјави Каја Калас, шефица на европската дипломатија.

Обединетите Нации денеска соопштија дека отвориле истрага за нападот врз иранското женскоучилиште во градот Минаб, кога на првиот ден од американско- израелската офанзива загинаа 170 деца, откако објектот го погодиле две ракети.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата