Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана

21.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел и САД значително ќе ги зголемат нападите врз Иран, изјави израелскиот министер за одбрана

Кац по консултациите со високи воени претставници во штабот на армијата во Тел Авив изјави дека нападите ќе бидат насочени кон иранското раководство.

Израел е решен да ја продолжи својата кампања против структурата на моќ во Иран, со цел „обезглавување на неговите команданти и уништување на неговите стратешки капацитети“ сè додека не се отстранат сите закани за безбедноста на Израел и интересите на САД во регионот, додаде Кац.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за прекин на кампањата против Иран, додавајќи дека САД се блиску до постигнување на своите цели во конфликтот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата