Иранските медиуми велат дека биле испукани 150 ракети. Израелските одбранбени сили утврдија дека ракетите неодамна биле лансирани од Иран кон израелска територија, а меѓу целите е и Тел Авив. Сирени за тревога се вклучуваат низ целиот Израел, бидејќи на небото е во тек голема престрелка, објави Си-Ен-Ен.
„Ракети штотуку беа лансирани од Иран во Израел“, соопшти израелската војска.
„Одбранбените системи работат на пресретнување на заканата. Мора да влезете во заштитените области и да останете таму до понатамошно известување. Излегувањето од заштитената област ќе биде дозволено само по добивање експлицитни инструкции; мора да продолжите да дејствувате во согласност со инструкциите на Командата на домашниот фронт“, соопшти Израелските одбранбени сили.
Канал 15 известува дека предупредувањата издадени од Командата на домашниот фронт на Израел, во кои им се кажува на цивилите да останат близу до засолништата, дошле откако биле откриени 100 балистички ракети што се подготвуваат во Иран.
Целиот Израел е во воздушна готовност, објавуваат сите израелски медиуми.
🚨All of Israel is under fire as Iran fires projectiles🚨 pic.twitter.com/eqEGzQMiCc
— Israel Defense Forces (@IDF) June 13, 2025
Израелските и американските сили веднаш испратија борбени авиони од воздухопловната база Ал Удеида, а британските од Кипар, за да ги пресретнат ракетите. Се вели дека американските авиони ги пресретнуваат ракетите над Сирија.
Според извештаите, Саудиска Арабија исто така испратила свои авиони, задолжени за пресретнување на ракети што би можеле да бидат лансирани од Јемен.