„Пожарот се случил на влезот во зоната за посетители, на ниво С2. Пожарникарите биле во објектот и веднаш интервенирале, така што тој е изгаснат во моментот. Надлежните институции ќе ја утврдат причината за пожарот“, се наведува во соопштението на Долниот дом.
Инспекторатот за вонредни состојби (ИСУ) наведува дека пожарот избувнал во просторија за посетители од 30 метри квадратни. „Запалени се текстил и канцелариски предмети. Нема повредени во инцидентот“, соопшти ИСУ Букурешт.
Полицијата соопшти дека „по првичните истраги е утврдено дека посетител наводно фрлил запалива материја“ кон Собранието, и дека врши проверка на идентитетот на човекот кој се обидел да побегне.