Италијанските власти заплениле милионски имот стекнат со нелегална активност

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанските власти заплениле милионски имот стекнат со нелегална активност

 Италијанските власти за борба против мафијата, заедно со Guardia di Finanza од Фиренца, денеска ја извршиле наредбата за прелиминарна заплена на имотот, главно на Албанци, но и нивни соработници, Италијанци, обвинети за перење пари преку системот на проневера и сопственост на барови и ресторани во центарот на Фиренца, објавија албанските медиуми.

-Запленети се речиси половина милион евра скриени во стан, како и дијаманти и разновиден накит, вредни 2 милиони евра, две возила ферари, а конфискуван е имот односно  ресторан и  кафе-слаткарница, сопственост на Албанци. Во меѓувреме, продолжува процесот на проверки и заплена на 14 комерцијални дејности со кои менаџирале Албанци. На чело на оваа организација биле Албанецот,  Елуерт Камани и Италијанецот, Алесандро Биги (претседател на фудбалскиот тим Искијае, поранешен голман на Наполи и Фиорентина), наведува Ора њуз.

Оваа нивна „активност“ ја започнале  во 2012 година, за да денес поседуваат имот вреден 13,5 милиони евра, лалп што се 31 бизнис во секторот ресторани и барови, два хотела, еден автосалон, фабрика за пиво.

Според медиумите контроли на деловни објекти и станови биле извршени и во Албанија, во градовите Валона, Елбасан, Тирана и Драч, во соработка со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК и  Националното биро за истраги./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата