Италијанец по грешка си го убил 27- годишниот син на лов, па повикал полиција

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанец по грешка си го убил 27- годишниот син на лов, па повикал полиција

Според карабинерите, двајцата мажи биле на семејниот имот и биле сами во моментот на несреќата.

Пушката од која што го испукал истрелот кој го погодил Салваторе Фабио во главата, убивајќи го, била законска во сопственост на неговиот татко, јавува Анса.

Трагедијата се случила во селото Серо ди Сан Пјетро Ницето, во провинцијата Месина. По пукањето таткото веднаш повикал помош.

Луѓето од полицијата, кои истражуваат во име на обвинителството на Поко ди Гото (I), сметаат дека се работи за несреќен случај, но истрагата ќе ги утврди сите околности на несреќата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата