Истражувачите предупредуваат: Големите бели ајкули на раб на исчезнување во Медитеранот

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражувачите предупредуваат: Големите бели ајкули на раб на исчезнување во Медитеранот

Големите бели ајкули во Средоземното Море се соочуваат со сериозна опасност од исчезнување, најмногу поради нелегален и интензивен риболов, покажува заедничко истражување на американски научници и британската организација  „Блу Марин“ (Blue Marine Foundation).

Иако се меѓу, повеќе од 20 видови ајкули заштитени со меѓународно право, големите бели ајкули сè уште нелегално се ловат и продаваат на пазарите за риби во Северна Африка, изјави Еј-Би-Си. Истражувачите утврдиле дека само во 2025 година најмалку 40 големи бели ајкули биле убиени долж северноафриканскиот медитерански брег. Од телевизијата, преку видео снимки на социјалните мрежи, покажуваат мртви ајкули  донесени во пристаништа во Алжир и Тунис. На една од снимките се прикажува голема бела ајкула извлечена од рибарски брод, додека на друга се гледаат глави и перки од краткопереста мако ајкула- исто така критично загрозен вид.

Според главниот истражувач Франческо Ферети од Универзитетот Вирџинија Тек, овој вид на ајкули во Медитеранот драстично се намалиле во последните децении, па постојат реални шанси големите бели ајкули целосно да исчезнат во блиска иднина. 

По ова, Меѓународната унија за зачувување на природата ИУЦН (IUCN) го класифицира овој род на големата бела ајкула во Медитеранот како критично загрозен.

Истражувачкиот тим работел во Сицилијанскиот Проток, област меѓу Сицилија и Северна Африка, која се смета за последно прибежиште на неколку загрозени видови ајкули. И покрај двонеделната експедиција и обидите за првото сателитско означување на големата бела ајкула во Медитеранот, истражувачите не успеале да лоцираат ниту еден примерок.

Иако 24 видови ајкули имаат меѓународна правна заштита, а ЕУ и 23 медитерански земји се обврзале тие да бидат пуштени живи и неоштетени, спроведувањето на овие правила значително варира од држава до држава. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата