Источниот дел на САД покриен со дебела маглива прекривка, многу активности откажани

9.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Источниот дел на САД покриен со дебела маглива прекривка, многу активности откажани

Штетниот за здравје воздух што ги покри градовите и населените места од североистокот на САД се концентрира во централниот атлантски дел на земјата, додека  димот од шумските пожари што уште беснеат во Канада натера милиони луѓе да се навикнуваат на магливото небо. Прогнозите се во наредните денови димот да се придвижи на југ. 

Во градот Њујорк на пример небото е портокалово и не се гладе вообичаниот пејзаж на облакадори, исто толку лошо е и во Филаделфија, Балтимор, Вашингтон, и Ричмонд, Вирџинија. 

Веќе трет ден по ред квалитетот на воздухот е оценет како штетен за здравје во поголем дел од североистокот а димот не се расејува, наведуваат метереолозите од Националната метереолошка служба на САД. 

Условите со намалена видливост ги натераа авиокомпаниите да откажат повеќе летовите, а училиштата во Филаделфија и Балтимор да ги откажат сите активности на отворено. Во градот Њујорк пак, училиштата денеска ја оддржуваат наставата далечински.  

Големата сокер лига (Major League Soccer) или лигата за професионален европски фудбал во САД, неделава откажа повеќе мечеви. Додека некои градови во Пенсилванија вработените во парковите ги испратија дома. Транспортните компании како железничката „Амтрак“ им раздаваат маски на своите вработени. 

Чадот се чувствува од Масачусетс на север до Северна и Јужна Каролина на југ каде властите исто така повикаа на ограничување на активностите надвор. Прогнозите се дека смогот ќе се придвижи на југ, се очекува нарушен квалитет на воздухот во двете Каролини, делови од Џорџија, Тексас и Оклахома.  

Лекарите препорачуваат ограничување на надворешните активности, но ако мора да се излезе, да се преземат соодветни мерки за безбедност како носење квалитетни и добро стегнати маски, да се пие многу вода и одложување на работи за два-три дена, ако тоа е возможно. Оние кои одат на работа со кола треба да ја вклучат климата на режим на циркулација на внатрешен воздух.   

Специјалистите посочуваат дека критична група се повозрасните лица и они кои имаат постоечки заболувања, додека младата популација се смета за поотпорана на смогот. 

Според AirNow, моментално најмалку 48 милиони луѓе живеат во регионите каде квалитетот на воздухот се оценува за штетен по здравје, а во некои делови на северистокот на САД тој е оценет на ниво 300, или „загаден“.  

Во еден момент вчера квалитеот на воздухот  во Вашингтон стигна до нивото 236, што е мошне штетно по здравје. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата