Исчезна авионот со потпретседателот на Малави- веднаш почна акција за пребарување

10.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исчезна авионот со потпретседателот на Малави- веднаш почна акција за пребарување

Авион на армијата на Малави исчезнал од радарите по полетувањето од главниот град Лилонгве утрово по локално време, се додава во соопштението, јавува Би-би-си.

Претседателот наредил операција за пребарување и спасување откако претставниците на авијацијата не успеале да остварат контакт со авионот.

Авионот требало да слета на меѓународниот аеродром Мзузу, на северот од земјата, нешто по 10:00 часот по локално време.

Откако бил информиран за инцидентот, претседателот на Малави, Лазарус Чаквера го откажал планираниот лет до Бахамите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата