Ирански медиум јави за напади извршени врз два електроенергетски објекти

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ирански медиум јави за напади извршени врз два електроенергетски објекти

„Во нападите изведени од ционистичкиот и американскиот непријател, цел беа админстративната зграда и станицата за преработка на гас во Исфахан“, пренесуваат светските медиуми информација на агенцијата „Фарс“, единствениот иран медиум што извести за инцидентот.

Притоа во информацијата се посочува за делумно оштетување на погодените објекти.

Истовремено се јавува и за напад насочен кон гасоводот на електроцентралата кај Хорамшар, пристаниште што се наоѓа во  југозападниот дел на Иран.

„Проектил падна близу инсталациите за преработка на гасоводот Хорамшар“, цитира агенцијата изјава на гувернерот на градот што се наоѓа во близина на границата со Ирак.

Не се објавени информации за евентуална штета во тој напад. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата