Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

20.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран: Хезболах е одговорен за нападот со дрон врз резиденцијата на Нетанјаху

- Таа акција ја изведе либански Хезболах, се наведува во краткото соопштение на Мисијата на Иран во Обединети нации, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Претходно, Нетанјаху ги обвини „сојузниците на Иран“ дека се обиделе да го убијат него и сопругата откако дрон ја погоди неговата приватна резиденција во Цезареја.

- Иранските сојузници се обидоа да ме убијат мене и мојата сопруга, направија грешка за која ќе зажалат. Им кажувам на Иранците и нивните партнери од оската на злото дека секој што ќе му наштети на граѓаните на државата Израел за тоа ќе плати висока цена, посочи Нетанјаху.

Во инцидентот никој не е повреден. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата