Иран ќе го претвори бомбардираното училиште за девојчиња во музеј

16.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран ќе го претвори бомбардираното училиште за девојчиња во музеј

„Ова училиште е жив документ за подготвеноста на Американците да извршуваат злосторства и мора да биде регистрирано и документирано за зачувување во историското сеќавање на иранскиот народ“, се вели во соопштението на иранската влада објавено денеска.

Најмалку 168 ученици на возраст меѓу 7 и 12 години, 26 наставници и четворица родители ги загубија животите во нападот во јужниот град Минаб на 28 февруари.

Различни медиумски извештаи го посочија прстот кон САД како одговорни за нападот. Повикувајќи се на доверливи извори, „Њујорк тајмс“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на одговорност на САД.

Се вели дека САД ја таргетирале базата на Исламската револуционерна гарда на која претходно ѝ припаѓала училишната зграда. Застарените податоци за локацијата наводно довеле до фаталната грешка.

Понатамошни детали за плановите за музејот првично не беа дадени. Училиштето треба да биде повторно изградено на друго место во спомен на жртвите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата