Иран изврши нови напади врз земји од Персискиот Залив

7.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран изврши нови напади врз земји од Персискиот Залив

Медиумите известуваат дека во градот се слушнале најмалку пет експлозии.

Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран.

„Противвоздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во моментов реагира на заканите од ракети и беспилотни летала кои доаѓаат од Иран“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ на платформата „Икс“, додавајќи дека силниот татнеж што се слуша на повеќе места е резултат на пресретнување на ракетите и дроновите.

Официјален претставник на ОАЕ изјави дека земјата бара иранските напади врз државите од Заливот кои не се вклучени во конфликтот веднаш да престанат.

„Секоја ескалација е загрижувачка. Сакаме да ја ограничиме војната. Не сакаме нејзино проширување. Иранците треба да разберат дека не си помагаат напаѓајќи соседни земји и треба да престанат со тоа“, изјави претставникот.

Експлозии се слушнале и во Доха, главниот град на Катар, каде во центарот на градот биле активирани сирени за воздушна тревога, изјавија новинари на Франс прес на терен, пренесува Франс24.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата