Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

13.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

 Техеран притоа го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран.

„Ормускиот теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран“, соопштија властите.

Договорот постигнат во јуни предвидуваше итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, но брзо се распадна и двете страни веќе не го сметаат за важечки.

„Иран само збори, а ништо не прави“, рече Трамп.

Иран не се согласил да го продолжи 60-дневниот период за постигнување договор.„Нема разговори за продолжување. Нема период што започнал и затоа нема ништо за продолжување. САД го прекршија привремениот договор 48 часа откако беше постигнат и се повлекоа од него неколку дена подоцна“, изјави  извор за „Ројтерс“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата