Иран и Хезболах му се закануваат на израел по убиството на лидерот на Хамас

18.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран и Хезболах му се закануваат на израел по убиството на лидерот на Хамас

На снимката се гледа како лидерот на Хамас седи на фотеља среде целосно разурнат објект и со лице прекриено со марама. Најверојатно веќе ранет, Синвар беспомошно замавнува со стап кон беспилотното летало.  Според израелската армија, тој заедно со неколку телохранители бегал меѓу објектите, а бил пронајден за време на рутинска патрола во појасот Газа.

-Пред една година, Јахја Синвар, терористичкиот водач на Хамас, го започна масакрот на 7 октомври против Израел. Денес, мозокот на овој ден на чисто зло повеќе го нема. Јахја Синвар е мртов.  Насралах го нема. Неговиот заменик Мохсен го нема. Ханије го нема. Деиф го нема. Синвар го нема, -- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Веста за неговата смрт молскавично се прошири на израелските улици.

Сепак, дел од израелците велат дека со претпазливост гледаат на смртта на лидерот на Хамас, особено имајќи предвид дека терористичката организација се уште држив во заложништво околу 100 лица.

-Сите се горди на тоа. Но, од друга страна, немаме идеја колку ова ќе биде добро за идните настани.

Не сум сигурна колку ова ќе биде добро за нашите заложници и нивната безбедност.

И додека во дел од Израел се прославуваше, во Појасот Газа и на Западниот Брег, дел од палестинците велат дека не очекуваат никаква промена или крај на војната.

Дали ќе заврши војната откако го убија Синвар? Го убија и Ханија па војната не сопре.

Војната и онака нема да заврши, дали со него (Синвар) или без него.

 По убиството на Синвар, потешко ќе биде да се постигне било каков договор, а ситуацијата може да биде и полоша.

Отпорот ќе продолжи до победа. Ќе даде бог.

Американскиот претседател Бајден пак, ја поздрави операцијата на израелската војска и повика да се стави крај на војната, а заложниците да се вратат дома.

-Сега е време да продолжиме напред, да се прдивижиме кон прекин на огнот во Газа. Да се осигураме дека ќе се придивижиме во насока во која ќе можеме да ги направиме работите подобри за цел свет. Време е оваа војна да заврши и заложниците да се вратат дома. - Џо Бајден – Претседател на САД.

Јахја Синвар кој важеше за мозокот зад нападот на Хамас врз Израел беше именуван за лидер на терористичката организација по убиството на Исмаил Ханија пред неколку месеци. Синвар помина 22 години во израелски затвор поради убиство на четири палестинци и двајца израелски војници во 80-години, а бил пуштен на слобода со размена на заробеници меѓу Хамас и Израел. На негово место  како вршител на должноста назначен е Калед Мешал. Во меѓувреме, како реакција на убиството на Синвар, Хезболах објави дека преминува во нова фаза во војната против Израел. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата