Иран го повика Советот за безбедност на ОН да преземе дејствија за да ја запре војната

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран го повика Советот за безбедност на ОН да преземе дејствија за да ја запре војната

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаи на прес-конференција рече дека Советот за безбедност може да го стори тоа „доколку сака“ и „има должност“ да го стори тоа.

„Нема пречка да дејствува со исклучок на неговата сопствена волја“, додаде Багаи.

Како постојана членка на ова тело на светската организација, САД имаат право на вето, потсетуваат агенциите.

САД и Израел извршија напади врз Иран во саботата во кои загинаа врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и други високи државници и воени лидери. Иран одговори со напади со ракети и беспилотни летала врз Израел и врз американските бази во соседните арапски земји на Блискиот Исток.

Техеран го затвори и Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта. Од вчера, војната се прошири во Либан, каде што Хезболах испука ракети кон Израел, кој одговори со воздушни напади врз позициите на шиитската група. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата