Иран е бесен: „Ќе одговориме доколку е потребно“

28.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иран е бесен: „Ќе одговориме доколку е потребно“

„Ширењето на такви измислени шпекулации – особено по криминалните акти на агресија извршени од страна на САД и израелскиот режим врз иранскиот народ – не служи за никаква друга цел освен за поттикнување на иранофобична пропаганда во Обединетото Кралство“, наведе амбасадата во објава на платформата „X“.

Оттаму додадоа дека Иран „го задржува правото да преземе соодветни правни дејствија, доколку е потребно, за да ги заштити правата и интересите на земјата и нејзиниот народ како одговор на погрешните и штетни медиумски наративи“.

Според британската полиција за борба против тероризмот, вчера биле уапсени петмина Британци на возраст меѓу 20 и 30 години под сомнение за подготовка на терористички напад и кривични дела поврзани со експлозиви. Апсењата уследија по пријавите за три сомнителни возила во близина на базата на Кралските воздухопловни сили (RAF) во Ферфорд, Глостершир – објект што го користат Воздухопловните сили на САД (USAF). Поради инцидентот, пријавен во неделата околу 00:45 часот по полноќ, беше прогласена вонредна состојба, а десетици жители од блиското село Велфорд беа евакуирани од своите домови, пренесува Би-Би-Си. Околу областа е поставен полициски кордон во радиус од 400 метри, а распореден е и тим за интервенција во опасни средини како дел од голема операција на службите за итни случаи.

Британската влада им дозволи на САД да ја користат базата на „RAF“ во Ферфорд, во југозападна Англија, за изведување напади врз ирански ракетни локации кои претставуваат закана за бродовите во Ормускиот теснец.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата