Имиграцијата е клучно прашање во предизборната кампања во Јапонија

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Имиграцијата е клучно прашање во предизборната кампања во Јапонија

Помалите десничарски популистички партии водат кампања против работниците мигранти пред изборите за Горниот дом на јапонскиот Парламент, што се закажани на 20 јули.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба најави дека следната владин тим ќе разговара за справување со предизвиците поврзани со странските жители.

Остварувањето на уредно општество кое ги вклучува и странските жители е една од најважните политички задачи со кои владата мора да се соочи, изјави портпаролот на јапонската Влада.

Според неодамнешните анкети, малцинската влада на Либерално-демократската партија (ЛДП) на Ишиба и помалата партија Комеито можно е да го изгуби мнозинството во Горниот дом, што би имало влијание и врз лидерската позиција на Ишиба и врз Владата.

Во Јапонија  само 3 проценти од 124-те милионското население се странци. Но, поради недостиг на работна сила што произлегува од стареењето на општеството, нивниот број значително се зголемува. Минатата година се зголеми за 10,5 проценти на рекордни околу 3,8 милиони.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата