ИДФ: Во иранските напади врз Израел беа погодени некои воени објекти

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ: Во иранските напади врз Израел беа погодени некои воени објекти

Тие забележуваат дека ова е прво јавно признание дека израелската воена инфраструктура е погодена.

-Многу малку локации беа погодени, рече изворот, додавајќи дека нивната работа не беше нарушена.

Израелската војска одби да даде дополнителни детали, вклучително и за тоа кои воени локации беа погодени или колку е сериозна штетата.

Иран минатиот месец изведе 22 бранови на воздушни напади врз Израел, откако оваа земја на 13 јуни започна изненадувачки напад врз иранските нуклеарни објекти и ракетниот арсенал на Исламската Република, потсетуваат британските медиуми.

Во иранските напади често пати без гаѓани густо населените градови Тел Авив и Хаифа, како и јужниот дел од земјата околу Бершеба, каде што се наоѓаат голем број воени објекти.

Во нападите беа погодени неколку станбени згради, иако израелската војска соопшти дека повеќето ракети и беспилотни летала испукани од Иран биле пресретнати за време на 12-дневната војна.

Бо Израел во опвие ирански напади беа убиени 28 лица. Иранските власти соопштија дека во израелските напади, од кои некои биле насочени кон густо населениот главен град Техеран, загинале 1.065 лица.

Меѓу убиените Иранци имало и воени команданти и цивили, додека меѓу 28-те убиени во Израел имало само еден војник, кој бил на отсуство, забележаат британските медиуми.

Израел и Иран на 24 јуни се согласија за прекин на огнот под покровителство на САД откако американските вооружени сили бомбардираа ирански нуклеарни постројки./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата