ИДФ: Уништени се неколку локации на Хезболах во јужен Либан

1.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ: Уништени се неколку локации на Хезболах во јужен Либан

За време на неодамнешните операции во јужен Либан, припадниците на Израелските одбранбени сили (ИДФ) уништија неколку локации што ги користела проиранската милитантна група Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје, соопшти денеска ИДФ.

Припадниците на 769-тата бригада „Хирам“ на копнените сили на ИДФ дејствувале во неколку либански погранични села и уништиле складиште за противтенковски ракети, складиште за оружје, зграда која Хезболах ја користел за лансирање противтенковски ракети кон Израел за време на војната и друга инфраструктура, се наведува во соопштението на ИДФ, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се додава дека присуството на оружје и инфраструктура на Хезболах во јужен Либан „претставува очигледно кршење на договорот меѓу Израел и Либан“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата