ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц

Според ИДФ, постројката за збогатување ураниум во Фродо, како и нуклеарните објекти во Исфахан и Бушеир не биле цел на напади.

ИДФ тврди дека при нападот врз Натанц уништен е подземниот дел, каде биле сместени центрифуги, електрични простории и друга придружна инфраструктура.

Според ИДФ во нападот е уништена и критична инфраструктура за унапредување на проектот за нуклеарно оружје на иранскиот режим.

Нападите, исто така, уништија „критична инфраструктура што овозможува продолжување на операцијата на локацијата и унапредување на проектот за нуклеарно оружје на иранскиот режим“.

Иранските власти соопштија дека при израелскиот напад „оштетени се неколку делови“ од Натанц, но оти не е зголемено нивото на радијација. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата