И Талибанците потврдија прекин на воените операции против Пакистан

18.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Талибанците потврдија прекин на воените операции против Пакистан

Портпаролот на талибанската влада во Кабул, Забиула Муџахид, ја потврди оваа одлука преку социјалната мрежа „Икс“. Ваквиот потег на Авганистан следува како реципрочна мерка по претходната објава од страна на Исламабад.

Двете земји се согласија на овој чекор по интензивниот притисок и молби од страна на Саудиска Арабија, Катар и Турција, во обид да се намалат тензиите во пограничниот регион кои во изминатите недели резултираа со стотици жртви и сериозна воена ескалација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата