Ѝ ја грабнаа чантата на девојче и ја влечеа со мотор, се здобила со тешки изгореници (ВИДЕО)

3.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѝ ја грабнаа чантата на девојче и ја влечеа со мотор, се здобила со тешки изгореници (ВИДЕО)

Несреќното девојче на 28 август била цел на моторизирани крадци, а снимката од инцидентот завршила на интернет.

Сѐ се случило вечерта, а крадците ѝ пришле на девојката и се обиделе да ѝ ја украдат чантата и мобилниот телефон, јавува Лакале Блу радио.

Не е јасно како жртвата се „закачила“ за моторот, но надзорните камери снимиле како криминалците ја влечат по асфалтот најмалку два блока.

Потоа ја оставиле на улица и побегнале, а на помош на тинејџерката дошле случајни минувачи.

Таа е пренесена во болница, додека нејзините повреди не се опишани како сериозни. Локалните медиуми јавуваат дека била испратена дома, а семејството наводно било советувано да ѝ стави ладни облоги на повредите.

Следната недела, сепак, девојката имала силни болки, па била префрлена во друг медицински центар. Таму било утврдено дека има тешки изгореници, како последица од гребење со асфалтот.

Таа е задржана на лекување, додека полицијата трага по криминалците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата