Њусом најави дека на суд ќе ја оспори извршната наредба на Трамп со која ја федерализирал калифорниската Национална гарда без да се консултира со државната власт.
- Во таа наредба и во документот издаден од Пентагон јасно е наведено дека тие мора да се координираат со гувернерот на државата. Тие никогаш не го направија тоа, посочи Њусом.
Тој наведе дека Трамп е „неодговорен и неморален“ и оти ги загрозува животите.
Трамп нареди испраќање на Националната гарда на улиците на Лос Анџелес без согласност од гувернерот на Калифонија. Таква мерка беше преземена пред 60 години, кога тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон нареди распоредување на армијата и Националната гарда во Алабама за да ги заштити 10.000 учесници во маршот за граѓански права, предводени од Мартин Лутер Кинг.
Властите во Лос Анџелес ги повикаа демонстрантите да останат смирени додека Националната гарда е распоредена во градот.
Потпретседателката на Владата на Калифорнија, Елени Куналакис истакна дека „тоа што се случува во Лос Анџелес не е прашање на безбедност, туку заплашување“.
- Бидете смирени. Не му давајте на Трамп она што го сака. Нашата сила е во единството, а не во хаосот, посочи Куналакис.