Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН

- Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело, рече Гутереш синоќа на својата традиционална новогодишна прес-конференција во Њујорк. „Немам никаков сомнеж во тоа“, додаде тој.

Гутереш е на чело на ОН од 2017 година, а вториот и последен мандат на португалскиот дипломат треба да заврши кон крајот на 2026 година. Наследникот мора да биде избран пред тој рок.

Во историјата на ОН, највисоката функција никогаш не ја извршувала жена.

- Но вистината е дека, без разлика дали во Обединетите нации или на лидерските позиции на најмоќните земји во светот, време е да видиме жени, рече Гутереш.

Генералното собрание на ОН го именува генералниот секретар по препорака на Советот за безбедност на ОН.

Претседателката на Генералното собрание, поранешната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок, исто така се изјасни во корист на тоа жена да го наследи Гутереш на функцијата и ги повика земјите-членки да номинираат кандидати до почетокот на април.

Досега е направена само една официјална номинација – Аргентина го предложи Рафаел Гроси, 64-годишниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата