Гутереш шокиран од новите смртоносни израелски напади врз Газа

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш шокиран од новите смртоносни израелски напади врз Газа

„Гутереш испрати итен апел за почитување на прекинот на огнот, повторно воспоставување на хуманитарната помош и безусловно ослободување на преостанатите заложници, изјави портпаролот Роландо Гомес.

Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк рече дека е ужаснат од континуираното израелско бомбардирање и повика на „итно прекинување на кошмарот“.

„Единствениот пат напред е политичко решение, во согласност со меѓународното право“, рече Турк.

Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата