Гутереш го осуди „кршењето на демократските принципи“ во Гвинеа Бисао

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гутереш го осуди „кршењето на демократските принципи“ во Гвинеа Бисао

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди „кршењето на демократските принципи“ во Гвинеа Бисао каде хунтата пред два дена ја презеде власта и го прекина изборниот процес пред официјалното објавување на резултатите од претседателските и парламентарните избори.

- Секое непочитување на волјата на народот, кој мирно гласаше на општите избори на 23 ноември претставува неприфатливо кршење на демократските принципи, наведе Гутереш.

Тој повика на „итно и безусловно враќање на уставниот поредок“ во Гвинеја Бисао.

Хунтата вчера соопшти дека привремен претседател на земјата ќе биде лидерот, кој го предводеше вчерашниот воен удар, генерал Хорта Н’Там. Тој ќе биде претседател и новоформираното тело Висока воена команда за обнова на редот односно воената влада, која ќе го надгледува едногодишниот транзициски период.

Хунтата го прекина изборниот процес и го собори претседателот Умар Сисоко Ембало. Пред објавувањето на официјалните резултати и Ембало и кандидатот на опозицијата Фернандо Дијас да Коста, прогласија победа.

Против поранешниот армиски генерал, Ембало имаше неколку обиди за државен удар. Опозицијата ги оспоруваше резултатите од претседателските избори во 2019 година на кои победи Ембало. Тој по неуспешниот воен удар во декември 2023 година го распушти Народното собрание.

Од 1974 година, кога Гвинеја Бисао се стекна со независност од Португалија, земјата имаше четири воени удари, 17 обиди за државен удар и серија промени на владата.

Според Светска банка, Гвинеја Бисао, со население од 2,2 милиони, е една од најсиромашните земји во светот. Западно африканската држава е една од главните рути за трговијата со дрога помеѓу Европа и Латинска Америка. Според експертите илегалната трговија со дрога е една од главните причини за политички кризи во Гвинеја Бисао.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата