Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека во Мексико ќе остане „Мексикански Залив“.
Вон САД и Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња.
Американското Министерство за внатрешни работи во петокот соопшти дека официјално го сменило името на „Мексиканскиот залив“ во „Американски Залив“.
Гугл Мапс, која е во сопственост на Алфабет, ќе го смени и името на највисокиот врв на Алјаска од Денали во Маунт Меклинли.
- Како што нареди претседателот, Мексиканскиот Залив сега официјално ќе биде познат како Американски Залив, а највисокиот врв во Северна Америка повторно ќе го носи името Маунт Мекинли, соопшти Министерството за внатрешни работи минатата недела. /МИА

