На економскиот форум во Давос тој соопшти дека за да се произведе нуклеарно оружје потребно е ураниумот да има чистота од приближно 90 отсто, пренесоа британските медиуми.
Според стандардите на МААЕ, споменатото количество ураниум е доволно за да се направат пет нуклеарни бомби.
Гроси, исто така, нагласи дека неодамнешното забрзување на процесот на збогатување ураниум до ниво од 60 отсто му овозможи на Иран да ја зголеми стапката на производство за седум пати во споредба со претходниот период./МИА