Гром удри во авион, преплашените патници почувствувале мирис на изгорено

25.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гром удри во авион, преплашените патници почувствувале мирис на изгорено

Екипажот и патниците во кабината виделе блесок на небото и слушнале силен тресок, пишува Дејли мејл.

Недолго потоа, патниците пријавиле на персоналот дека почувствувале мирис на изгорено.

„По ударот и блицот почувствувавме непријатен мирис. Беше вистински шок“, рече еден човек на летот на 22 декември.

Капетанот одлучил да се врати на аеродромот во Брисел - како мерка на претпазливост, иако подоцна било објавено дека тоа не било потребно.

Патниците биле префрлени во хотели, а ден подоцна биле качени на нов лет, соопшти компанијата ТУИ.

Пилотот Даг Морис, кој ја напиша книгата This Is Your Captain Speaking, објасни дека ударите од гром не се непријатност за авионите и се вообичаена појава.

„Статистиката покажува дека авион е погоден од гром на секои 5.000 часа, или околу еднаш годишно. Федералната управа за авијација проценува дека секој авион во САД ќе биде погоден еднаш годишно“, откри тој претходно.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата