Гренланѓаните не сакаат да бидат дел од Данска, вели Рубио

4. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гренланѓаните не сакаат да бидат дел од Данска, вели Рубио

– Гренланѓаните ќе донесат одлука, им рече Рубио на новинарите на прес-конференција по состанокот со другите министри за надворешни работи на НАТО.

Рубио со данската шефица на дипломатијата ги потврди „силните односи“ меѓу двете земји

Идниот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска за данската телевизија ТВ2 изјави дека Рубио греши.

- Не е во право дека Гренланд сака утре да прогласи независност. Тој е во право дека Гренланд не сака да биде дански, но Гренланд сигурно не сака да биде американски, рече тој.

„Секојдневно работиме да создадеме основа за да можеме еден ден да бидеме независни, но се уште не сме таму. Тоа што го кажува Рубио не држи вода“, додаде Нилсен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата